Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб го потпиша Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, со што досега 24 земји-членки го завршија процесот на ратификација, откако денеска претходно тоа го стори и италијанскиот Сенат.

Раб на неговиот прфил на „Твитер“ објави дека го ставил потпис на Протоколот.

Со големо задоволство денеска го потпишав Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО заедно со амбасадорката А. Миовска. Со нетрпение очекувам Северна Македонија да пристапи кон семејството на НАТО и да присустува на состанокот на лидерите на НАТО во Лондон и да помогне во промоција на меѓународниот мир и безбедност, напиша тој.

Претходно денеска Протоколот беше ратификуван и во италијанскиот Сенат. Протоколот помина во Долниот дом на Парламентот, но ратификацијата во Сенатот се оддолжи поради политичката криза, која се реши со формирањето нова Влада на Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.