Ова е тоа бедно манипулирање и подбивање со здравиот разум, коментира професорката Билјана Ванковска на статусот со кој министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во која таа пишува дека „Дејствијата од 2011 се далеку зад нас“, објавен по фотографијата со кичевскиот градоначалник Дехари и обележјата на терористичката УЧК.

Ниту на локално, ниту на државно ниво управувате добро! Иконографијата во службени простории ние во теоријата ја нарекуваме култура на насилство! Исто како и воените авиони на небото со кои се фалите.
Милитаризацијата како замена и превез зад кој криете корупција и неспособност!, порача Ванковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.