Македонија и утрово дише загаден воздух, а „рекордер” е Битола.

Во Битола 2 утринава се измерени дури 91 µg/m3, додека во Тетово има 53 µg/m3.

Следат Миладиновци, Кочани, Ректорат и Гази Баба.

Инаку, деновиве скопскиот градоначалник Петре Шилегов кажа дека Скопје веќе не е загадено како порано, додека вчера министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини кажа дека вонредни мерки не се потребни.

Свесни сме дека нивото на загадување на воздухот е висока. Но, се уште не е над прагот, каде што треба да ги активираме т.н. вонредни мерки, но секако посветени сме и работиме на намалување на нивото, рече тој за воздухот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.