За да се случи повторно да се ослободи економијата мора политичарите да овозможат избор на граѓаните, а тоа е да им овозможат заштита од пандемијата. Единствена заштита од пандемијата, а да не го поминете вирусот и на тој начин да стекнете антитела е да се вакцинирате, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување во „Неделен Брифинг“.

Мицкоски додаде дека премиерите во регионот, па и пошироко се борат од петни жили за да обезбедат вакцини за своите граѓани и да ги заштитат од ковид-19.

Но за жал, тоа не е случај овде кај нас, гледаме дека и тоа како подарок што ни се дава не можеме да го прифатиме од проста причина едноставно немаме ниту план, ниту стратегија за која што пред неколку недели јас лично зборував и прашав, појасни Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.