Тројцата претседателски кандидати се согласија дека претседателот воопшто не може да даде амнестија, тоа го прави Собранието, а во изборна кампања тој не може да помилува. Постапката мора да ја иницира Министерството за правда, се согласија тројцата кандидати, професори по право. Претседателските кандидати одговараат на прашањето дали би ја повлекле амнестијата доколку Иванов ги амнестира осудените во случајот „27 април“ на крајот од мандатот.

Сепак, професорката Гордана Силјановска Давкова се осврна на Законот за амнестија со кој беа аменстирани пратениците кои гласаа за уставните измени. Таа нагласи дека амнестијата не може да биде селективна, таа важи за сите кои се вклучени во определен настан или се казнети за определено дело, а тоа го знаат и студентите на втора година кои положиле Казнено право.

Не случајно употребивте амнестија, а не помилување. Под т.н. правна форма на Закон за амнестија беше извршено помилување на точно определени личности, оние верните гласачи за Преспанскиот договор. Уште слики да имаше за да дознаеме кој може да поднесе барање за аменстија. непознат правен инсистут во казненото право. Ако беа манестирани луѓе кои беа обвинети за тероризам и за рушење на уставниот поредок, и ако со измена на Кривичниот законик беа ослободени луѓе за сотрени тешки кривични дела, тогаш се релативизира правото, рече Силјановска.

За Пендаровски Законот за аменстија не е „таканаречен“, туку закон изгласан со 95 глас „ЗА“. Сепак, професорката Силјановска остана на своето дека не е важно со какво мнозинство бил донесен законот.

Ова не е Закон за аменстија, туку е таканаречен Закон за аменстија, односно помилување. Ама, републиканската монархија во Македонија има долга традиција, од 1993 кога тогашната власт донесе намеснки закон според кој беше ослободен премиерот од тогашниот претседател на државата, Бранко Црвенковски, рече Силјановска Давкова и додаде дека Бранко Црвенковски врз основа на одредба за ексклузивно монархистичко право надвор од сите други правни норми го помилувал Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.