Извештајот на Стејт департментот за минатата 2019 година за почитување на човековите права јасно покажува како функционира и работи Владата на Зоран Заев и СДСМ изминатите години, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, потенцирајќи дека корупцијата и криминалот на функционерите на СДСМ во владата се најглавниот проблем во Република Македонија, за кој тие како политичка партија говорат целиот изминат период откако Зоран Заев е на власт.

Зоран Заев и СДСМ донесоа само криминал, корупција и рекетирање. Стејт департментот во најновиот извештај нотира дека Високата корупција е и натаму голем проблем во државата, а постојат и извештаи каде што државни службеници се вклучени во корупција. Ова е најглавниот проблем, еден од многуте на оваа влада. Сериозен проблем за човековите права во Македонија претставуваат ограничената независност на судството, политизираниот Судски совет и несоодветното финансирање, што и натаму ја спречуваат ефикасноста на борбата против корупцијата. Практично, Зоран Заев и СДСМ, наместо да се борат против корупцијата заедно со институциите, тие заедно со функционерите, заедно со Катица Јанева и другите е вмешана во најголемиот случај на „Рекет“ во Република Македонија го достигнаа оваа ниво на криминал и корупција. Заев наместо да се бори против корупцијата, тој ја прошири на целата територија на Република Македонија. Претходно беше само во Струмица, а сега е во целата држава, рече Аросвкси.

Додаде дека многу важно е да се потенцира дека во најновиот извештај стои дека новинарите и медиумите се предмет на насилство и заплашувања.

Во моментов имаме пресуди против новинари кои се критички настроени кон владата, притисоци врз медиуми, се вршат истраги врз медиуми кои ја изнесуваат вистината за криминалот на власта и најверојатно наредната година кога ќе излезе извештајот за 2020 година сите овие работи ќе бидат нотирани.  Ова е вистината како Заев и СДСМ владеат и ја тероризираат Република Македнија. Корупција, криминал, рекетирање, вмешаност на нивните функционери во корупција и нормално, сето тоа да се прикрие преку заплашување, притисоци и осуди врз медиумите и новинарите. Ова е мислењето на меѓународните партнери за актуелната влада на СДСМ и Заев. После 12 април ова зло кое ја преплави Република Македонија со криминал и корупција мора да си замине и веднаш после 12 април да отпочне Обновата на Македонија. Имаме тим, имаме визија, а имаме и енергија и волја да го срушиме хибридниот режим на Заев кој беше оценет и од угледниот Економист, наспроти истрошените кадри на СДСМ и Заев. Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев сега кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката и да одговара за сe што направил. ВМРО-ДПМНЕ победува на изборите на 12 април, потенцираше Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.