Техничкиот премиер Оливер Спасовски утрово изјави дека прво ќе мора да се донесат законските решенија, а дури потоа да се распушти парламентот, алудирајќи на Законот за Јавно обвинителство кој ќе се носи денеска.

Прво треба да се донесат законските решенија, па потоа Парламентот да се распушти – рече Спасовски, притоа не одговорајќи на новинарските прашања дали може да се одложат изборите доколку не биде изгласан законот за кој е закажана седница во 11 часот.

Во врска со релациите на СДСМ со ДУИ, пак, тој рече дека се коректни.

Релациите со ДУИ се коректни, како што ја почнавме коалицијата со нив, така и ќе ја завршиме. Не очекувам да има дополнително неразбирливо одложување на носењето на законските решенија, ако дојде до тоа да се опструираат законите тогаш ќе му ја мислиме за нов коалициски партнер, рече Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.