Сопругот на директорката на болницата во Негорци ,кој е вработен во СЈО добил надоместоци од 25.000 евра. Ова го покажа базата Отворени финансии“ на Министерството за финансии

Љуба Цилкова во јавноста стана позната по тоа што и отвори боледување на поранешната специјална обвнителка Катица Јанева и тоа во истиот момент кога таа најави дека се повлекува од функцијата а тогаш беа уапсени Боки 14 и Зоран Милевски-Кичеец.

Жителите на Гевлегија сведочат за пријателството на семејствата Цилкови и Јанева. Покрај тоа што се пријатели тие се и соседи.

Методи парите на име на надоместоци ги добил во период од три години. Во медиумите се отвори голема дебата за парите што ги примале вработени во СЈО, но и обвинителите кои земале големи суми на име на доверливост на информации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.