Во грчкиот парламент денеска имало инцидент при средбата на министерот за надворешни работи Никола Димитров со претседателот на грчкиот Парламент Никос Вуцис, кога портпаролот на Златна зора, Илијас Касидијарис, бил спречен од обезбедувањето да влезе во канцеларијата.

Македонија е грчка – викал тој додавајќи дека и скопјанецот требало да чуе.

Снимката ја поставил на Јутјуб лично Касидијарис.

Димитров и Вуцис не го искоментираа инцидентот и порачаа дека договорот од Преспа го отвори патот кон пријателство, сојузништво и сработка во сите области, по кој веќе чекорат двете соседни земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.