Претседателот Стево Пендаровски денеска објави на Фејсбук дека заедно со неговото семејство ја исполниле граѓанската должност за пописот и оти податоците од оваа статистичка операција се неопходни за креирање политики.
– Денеска со моето семејство ја исполнивме нашата граѓанска должност. Внесот на податоците потребни за #Попис2021 не одзема повеќе од 15-тина минути. Со попишувачите поразговаравме и за досегашниот тек на процесот, за одѕивот и за реакциите на граѓаните, напиша Пендаровски.
Претседателот додаде дека податоците од оваа статистичка операција се неопходни од секој аспект и оти ќе ни дадат насока за планирање на идните политики и стратегии.
Вкупно 800 008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193 168 лица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.