Јулијана Николова, поранешна пратеничка на ЛДП денеска во Кривичниот суд сведочеше за настаните од 27 април. Таа објасни дека има дупки во меморијата за тој ден оти не може да се сети што се случувало тој ден.

На прашање на Миланов дали можеби се потпишала на барањето седницата да продолжи следниот ден ,таа рече дека не се сеќава.

Кога и го покажа нејзниот потпис Николова кусо одговори:

Да тоа е мој потпис.

Претходно денеска и поранешната пратеничка од СДСМ Татјана Претковиќ и градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, исто така, сведочеа дека не се сеќаваат се потпишале или не седницата да продолжи на 28 април 2018.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.