И покрај спротивставувањата на лекарите дека на Клиниката на неврологија нема услови за третман на пациенти со ковид-19, скопската клиника се подготвува за третман на заразени пациенти. На оваа одлука на министерството за здравство, лекарите остро се спротивставија, но по се изгледа дека, министерот Венко Филипче нема намера никого да слуша.

Лекарите вработени во скопската Клиниката за неврологија, преку отворено писмо изразија загриженост до министерот Филипче, дека нивното одделение не ги исполнува условите за лекување на пациентите со ковид-19.

Со реакција се јави и неврологот Арбен Таравари, кој секојдневно лекува пациенти на оваа Клиника. Тој вели дека одлуката на министерството, за претворање на неврологија во ковид центар е апсурдна.

Според него, капацитите на клиниката се целосно исполнети и нема каде да бидат распоредени во другите одделенија, затоа што на оваа клиника има најсоодветен кадар за третман на пациенти, на пример со мозочни удари на кои им треба итна интервенција.

Во оваа фаза на пандемијата каде има многу капацитети и интернистички одделенија каде медицинскиот персонал е многу покомпетентен отколку во неврологијата. Нема кој да оди и да ја посетува ревматологија, одделот за дерматолошки заболувања е празен, на Клиниката за пулмологија има само 3-4 пациенти. И одете на Клиниката за неврологија, која е една од најфреквентните болници каде имаме акутни пациенти, пациенти со мозочни удари, како и пациенти со други сериозни невролошки заболувања, изјави за „Алсат“ неврологот Таравари.

Ова е втора слична реакција на болничкиот персонал во последната недела, откако колегиумот во Детската болница Козле испрати писмо со барање за разрешување на директорот. Меѓу другото, тие тврдеа дека тој не обезбедил услови за одвојување на пациентите со корона од другите пациенти.

Како што се зголемува бројот на пациенти со корона вирус, болнички установи ќе ги прошират своите капацитети за лекување во некои градови во земјата.

Во меѓувреме, 16 мобилни болници кои беа ветено уште во јули месец и со кои, со поставување требаше да се почне крајот на август и почетокот на септември месец, сеуште никаде ги нема. А, од друга страна пополнети се капацитетите на сите инфективни одделенија во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.