Понудите што ги дава другата страна нè враќаат пред 4 години, кога ги ветуваа истите работи, истите фрази, истите сега веќе докажани лаги, потсети на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Во говорот пред присутните сопартијци Мицкоски се осврна на лагата 500 евра, на километрите автопатишта кои ќе ги градат, далеку поголема од претходната, но потсети и на реалноста, во која не се изгради ниту еден автопат.

Ќе носеле инвестиции, градби, па дури и во заканите се исти како пред 4 години. Ќе рушеле одново сега споменици, ќе имало правда, ќе имало мир, ќе  менувале судии и што уште не… Завршена приказна се тие. Нашиот народ знае дека еднаш ако го излажеш, нема да чека тоа да се случи втор пат. Народот знае дека по ветените брда и долини на Заев следуваат уште поголеми разочарувања. Криминал, корупција, неспособност, убијци кои се шетаат на слобода, судии и политичари со куферчиња Луј Витон, непотизам распространет како вирус. Ако Заев е лицето на оваа власт, вистинскиот репрезент на тоа што преставува Заев е Катица Јанева со се она што видовме. Народот нема да им даде втора шанса, зошто народот препознава кога го лажеш, кога си играш со неговите чувства, кога градиш кариера врз туѓата несреќа. Кога стануваш премиер, а знаеш дека не ти е заслужено со тоа што можеш да го направиш, туку со тоа што можеш да го продадеш.Еве денес кажувам и официјално, експериментот Заев заврши како неуспешен… и сите сфатија дека може подобро, може и мора многу подобро од ова.  Експериментот Заев заврши, но Македонија мора да продолжи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.