И обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, добил покана во текот на утрешниот ден да се појави во просториите на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и да сведочи за случајот „Рекет“, дознава „Фокус“ од доброупатени извори.

Вчера во обвинителството сведочеше обвинителката Лиле Стефанова, а во понеделникот свој исказ даде и обвинителката Елизабета Јосифовска. Покана сѐ уште нема добиено обвинителката Катица Јанева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.