Јавноста ја прими на нож информацијата дека луѓе од власта го чествуваат првиот претседател на независна Македонија користејќи ги неговите зборови „Македонија е се што имаме“.

Оливер Спасовски, актуелниот министер за внатрешни работи, денеска на твитер објави дека се навршуваат осум години од смртта на поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров, цитирајќи ги неговите зборови, „Македонија е се што имаме“.

Вечен да е споменот на архитектот на современа Македонија. Македонија е се што имаме“.

На тоа, му одговараат:

Ти немаш право да збориш за Киро кој го бранеше Уставот и беше поголем Македонец!
Збори си за #сдсм која НЕ е на Киро и НЕ е Киро, потсетувајќи го Спасовски дека треба да му биде срам што вооошто се поистоветува со Глигоров и денес ги користи неговите зборови.

И Киро Глигоров, Бог да го прости, не беше за петка. Ама споредено со вас, понављачи и кодоши, е професор…, пишува во еден од коментарите.

Како бре не ти срам, ти да напишеш Македонија, северџан си и тоа и ќе останеш, без разлика што се избори, му пишуваат на Спасовски.

Вечен ќе биде споменот и на вас како уништувачи на Македонија, му пишува Зоран Златанов на Спасовски, а Мартиан го потсетува дека Киро Глигоров од нив во гроб се превртува.

Знамето за името! И!, додава Силјанстркот2, на твитот на Спасовски.

Инаку, делегација на Владата предводена од министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој го придружуваа министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан и заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател на нашата земја Киро Глигоров, во алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.