Само ден откако новите министри од опозицијата влегоа во своите кабинети и ги почнаа обврските во техничата влада, почнаа и ударите под појасот на СДСМ и нивните приврзаници.

Прво, пропагандистите на СДСМ ширеа лажна вест дека Мизрахи во министерскиот кабинет ставила партиско знаме.

Но, потоа следуваа уште неколку тешки напади, ширење на омраза и навредување по секој основ кон новата министерка за труд и социјални политики, воедно и прва македонска Еврејка во Владата, Рашела Мизрахи.

Лица блиски до Заев и СДСМ, некогашни шарени револуционери, кои денес се на трошок на македонските граѓани, упатија антисемитисчки навреди кон Мизрахи, а ВМРО-ДПМНЕ повторно ја нарекуваат фашистичка партија.

Видана Бошковска Мицевска, партиски пропагандист, твитерџија и шарена револуционерка која заедно со Заев и Шеќеринска ги фарбаше зградите од проектот Скопје 2014 на „Фејсбук“ ќе напише:

 

Овој статус со „лајк“ беше почастен од шефот на пропагандниот тим на СДСМ во владата, Зоран Бојаровски, што е сигнал дека можеби се работи за координиран вербален напад кој треба да испровоцира реакции кај македонските муслимани кои имаат негативен сентимент кон Израел и Евреите поради настаните во Палестина.

Видана Бошкова Мицевска

Подоцна, истата „активистка“, продолжува со своите напади:

Етничко и верско профилирање на јавни личности за политички цели особено на членови на Еврејската заедница е непримерно однесување кое во Македонија не се случило никогаш предходно.

Иако на социјалните мрежи веќе има многу реакции, ниту еден член од партијата, ниту самата партија официјално не се огради од нецивилизираните напади на пропагандните јуришници на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.