Судијката Добрила Кацарска, која водејќи ги случаите на СЈО против опозицијата, но и по драконските казни изречени во случајот 27 април, со што стана симбол за партизирано судство „Кацарска-судство“, вчера се појави на седница од Судскиот совет на која се расправаше за нејзино разрешување поради пристрасност во водењето на постапката во „Тенк“, а на барање на адвокатот и сопруг на поранешната министерка за внатрешни работиГордана Јанкулоска, Влатко Илиевски.

Кацарска, која себеси честопати се нарекувала врвен познавач на правото, иако во пресуди како докази користи изјави на обвинети, а не на сведоци под заклетва, пред судскиот совет се појави со двајца адвокати, исто како што нејзината колешка Катица Јанева со адвокат се појави на распит кај Вилма Рускоска, пред да биде притворена.

Тогаш јавноста бурно коментираше зошто на еден т.н. врвен специјален правник му треба дополнителна помош од адвокати. Јанева тврдеше дека е невина, а ден потоа се најде во притвор. Сега и Кацарска се појавува со адвокати во институции кои се преиспитува нејзиното работење.

Сопругот на Јанкулоска, Илиевски, рече дека за време на рочиштата за „Тенк“ немало соодветни услови во судницата која била неклиматизирана, пребрзо биле закажувани рочиштата, а со тоа на Јанкулоска и било прекршенно правото на мајчинство и на породилно отсуство.

Пред членовите на Судскиот совет Илиевски посочи дека протекле информации за здравствената состојба на Јанкулоска на начин што судијката Кацарска на рочиштето на 1 јуни 2018 година јавно и без согласност од Јанкулоска изнела податоци од медицинското досие во кое се депонирани документите што се однесуваат на здравствениот статус и медицинската состојба на Јанкулоска без притоа да се исклучи јавноста. Со тоа, како што додаде, е повредена приватноста и правото на заштита на пациентите.

За време на ТВ интервју, судијката, како што рече Илиевски, изнела наводи со кои ја проблематизира валидноста на медицинската документација за бременоста на Јанкулоска.

Откако го кажа ова, од Судскиот совет му посочија дека дел од тоа што го кажа не стои во претставката.

На тоа Илиевски рече дека го нема, затоа што се случило откако го поднеле барањето.

Тој најави дека Европскиот суд за човекови слободи и права во Стразбур има методологија за да утврди пристрасност во водењето на постапката, користејќи објективен и субјективен тест.

Јанкулоска доби шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“, а Апелацискиот суд и ја намали казната на четири години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.