За оваа навреда треба да ви се пушти пријава до МВР за говор на омраза, реагираат денеска многу граѓани, откако по социјалните мрежи се рашири статусот на психологот Јове Хаџиевски.

Хаџиевски сакајќи да го навреди премиерот Заев, го спореди со олимпијците кои се лица со посебни потреби, коментирајќи дека „конечно е меѓу своите“.

Со свое соопштение на „Фејсбук“ се огласи и Комората на психолози.

Комората на психолози остро го осудува и се оградува од невредливи и дискриминирачки ставови објавени на приватен профил на Фејсбук од страна на член на Комората. Управниот одбор на Комората на психолози свика итна седница на која ќе се дискутира за овој настан и ќе се преземат соодветни мерки согласно Етичкиот кодекс на психолозите, се вели во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.