Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кажа дека нема доверба во Обвинителството за да ги достави фактите со кои располага поврзани со корупцијата во власта, но најави дека ќе бидат објавени во јавноста.

Ќе се изнагледате корупција. – кажа Николоски и најави дека располагаат со документи против власта кои ќе бидат објавени на прес-конференции.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, пак, се пожали дека има проблем со Обвинителството.

И јас си имам мака со Обвинителството – рече Димитров, а не бил задоволен бидејќи не реагирало по истрагата за неговата лажна оставка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.