Неколкучасовните врнежи од дожд значително ги наполнија со вода одредени тротоари и улици во Тетово каде е редовна оваа појава откако ќе има подолотрајни временски неприлики.

Дождот почна по 14 часот и траеше скоро до 17 часот.

На кружниот тек на булеварите Маршал Тито и Благоја Тоска кај пазарот, како и при секој поинтензивен дожд поради неодлевање во атмосферска канализација водата опасност за возилата и препрака за нормално движење на пешаците – реагираат жителите на социјалните мрежи објавувајќи фотографии од состојбата.

Слични вакви места во Тетово се повеќе, па така вода се собира на уште едно место на булеварот Благоја Тоска кај касарната, улицата 29 Ноември, во Горна Чаршија, околу спортскиот центар и Автобуската станица и други пред се помали улици.

Во Јавното комунално претријатие (ЈКП) „Тетово“ велат дека постојано кога има малку повеќе дожд добиваат барања  да се интервернира на атмосферската канализација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.