Народниот протест против понижувачкиот предлог за Македонија денеска продолжува во 19 часот пред Владата, а потоа ќе продолжи преку Министерството за надворешни работи до Собрание на Република Македонија.

Францускиот предлог нема да се најде на усвојување на денешната владина седница, објави „Слободен печат“ повикувајќи се на извори од Владата.

Според нивни извори Владата нема да брза со усвојување на документот бидејќи консултациите се` уште траат и не се исцрпени. Од Владата повторуваат дека ништо што задира или потенцијално задира во идентитетот, образованието, историјата, нема да биде дел од преговарачката рамка.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера за телевизијата 24 изјави дека до крајот на неделава се очекува собраниска седница за францускиот предлог.

-Во оној момент кога ќе достави Владата материјал, седницата ќе биде закажана – изјави Џафери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.