Шефот на дипломатијата Бујар Османи вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека и повторно да се добие нов негативен одговор од Европската Унија, сепак политичката партија ДУИ не е за предвремени парламентарни избори.

Не гледаме корист од предвремени парламентарни избори. Што ќе добие државата од избори?! Прво во ек на криза, најголемата криза предизвикана од војната во Украина, која предизвикува енергетска криза, криза на снабдување со храна, криза на синџирите за снабдување… Вие да ја парализирате државата преку избори која ви е алтернативата?! Политичката алтернатива што ви нуди? Дали ви нуди решение за прашањето со Бугарија? Не. Ви вика блокирајте, прекинете разговори. Тоа значи блокирање на европскиот процес. Дали ви нуди решение за меѓуетничките односи? Дали ви нуди решение за преспанскиот договор? Дали ви нуди решение за било кое прашање? Затоа сметаме дека сега треба да се бориме, да бидеме во блиска координација. Не ја потценувам опозицијата апсолутно. Сметам дека било кое решение кое би го формализирале треба да ја информираме и опозицијата. Треба кризата да ја менаџираме и заеднички во блиска консултација со опозицијата бидејќи ова се важни прашања низ кои поминува државата и светот. Изборите не се решение – вели Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.