Речиси координирано и Благој Бочварски со Фејсбук статус даде свое видување за оставката како потпретседател на СДСМ, откако истото претходно го направи и досегашниот генерален секретар на владеачката партија Александар Кирацовски.

Градоначалникот на Штип објави слична содржина како и пратеникот и најави дека суетата е најмал проблем откако беа разрешени сите шест потпретседатели на СДСМ синоќа.

СДСМ е голема, државотворна партија која ја води државата напред секогаш кога практикува власт. Затоа најважно од се е дека СДСМ мора да победува уште посилно, слабостите кои се јавуваат да ги отклонуваме, предностите да ги надградуваме.

Јас и моите другари во СДСМ се ставивме на располагање на партијата и на Претседателот кога беше најтешко, кога бевме во опозиција.  Да не заборавиме дека целта во 2016 година беше да се победи режимот. И таа цел е остварена, а државата никогаш повеќе нема да биде упропастена и урнисана како што тоа и го направи ВМРО-ДПМНЕ. Затоа сите треба да бидеме горди на тој историски успех. Ние победивме и во 2016 и во 2017 и во 2019 година. Овие победи дојдоа поради единството и сплотеноста, поради истрајноста и макотрпната работа.
Овие победи несомнено ја исправија државата на прав пат“, напиша Бочварски.

Тој додава дека сепак не биле постигнати очекуваните резултати, односно поголем број на гласови на претседателските избори, па токму затоа тој и останатите ги понудиле своите оставки.

На претседателските избори иако победивме, очекувавме подобри резултати и поголем број гласови, па затоа и ги понудивме нашите оставки пред Претседателот Заев. Бевме подготвени и со сопствен пример да покажеме дека дека сме овде да повлечеме потег за општо добро на граѓаните и државата. Јас немам дилеми дека ќе продолжам да работам во партијата со цел реализација на програмските одредби, но и имплементација на социјалдемократските вредности во мојата секојдневна работа. Како градоначалник ќе продолжам напорно да работам за да продолжи растот и развојот којшто Штип за прв пат го доживува. Во мојот град допрва доаѓаат крупни чекори и големи проекти. Заедно со граѓаните ќе носиме одлуки, заедно ќе ги реализираме тие проекти, заедно ќе се гордееме, наведе Бочварски.

Покрај Бочварски и Кирацовски, синоќа ослободени од своите партиски задолженија се и Миле Зечевиќ организациски секретар, Дане Талевски, меѓународен секретар, Цветанка Ласкова координатор на Форумот на жени и преостанатите оет потпретседатели Фросина Ташевска Ременски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.