Компири, брашно, колачи, тоалетна хартија, детергент за садови… Се дели хуманитарна помош за Ромите во Струмица, а случајно или не, фотографиите до кои дојде Република се направени во близина на семејниот дом на Заеви.

Цели семејства Роми изложени на ризик од зараза, движејќи се без никаква заштита во поголеми групи, итаат по својот пакет.

За „хуманоста на дело“ во Струмица сведочи и видеоснимката на која се гледа дека помошта се дели по списоци.

„Хуманитарна помош“ по списоци се делела и во минатото, и тоа како параван за поткуп на гласачи. Затоа, легитимно е прашањето дали и зад овие вреќи компири се крие некое „честење“.

 

 

Фотографиите потсетуваат на оние од пред неколку дена во Куманово. ВМРО-ДПМНЕ тогаш повика институциите да испитаат дали се работи за поткуп на гласачи среде епидемија.

 

Заеви биле активни и низ градот. Хуманитарна помош во прехранбени производи на сиромашни семејства во градот им делеле синот на поранешниот премиер Зоран Заев, Душко Заев, и синот на неговиот брат Вице, Панче Заев.

За хуманитарниот потфат на младите Заеви на Фејсбук објави портпаролот на СДСМ Коста Костадинов.

Време е за солидарност, за хуманост, за грижа за оние на кои на кои им е најпотребна.
Денес како волонтери заедно со Душко Заев и Панче Заев, Стојан Коциров и други волонтери помогнавме на четриесетина семејства во Струмица.
Акцијата која ја почнавме и која ќе трае се додека трае кризата треба да биде пример за сите граѓани, колку е важно во овие моменти да бидеме единствени и сплотени, оти само така ќе излеземе победници од оваа тешка и страшна криза.
Да се грижиме, да си помагаме да си се гледаме како секогаш, но сега навистина ни е најпотребно.
Сега е момент кога сите тие кои имаат можност, да се вклучат и да допринесат.
Да веруваме во општеството и во човештвото, оти ве уверам дека навистина постои.
Седете дома, чувајте се, ние сме тука за се што ви треба!

Време е за солидарност, за хуманост, за грижа за оние на кои на кои им е најпотребна.
Денес како волонтери заедно со…

Posted by Kosta Kostadinov on Saturday, 4 April 2020

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.