Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, во наредните два дена ќе престојува во приватна посета на Албанија по лична покана на премиерот Еди Рама.

Педесет и шест годишниот Милановиќ, кој ја предводеше дванаесеттата хрватска влада од 2011 до 2016 годна, подолг период беше еден од советниците на премиерот Рама.

Ова го потврди лично Рама на заедничката прес конференција во Тирана, одржана на почетокот на ноември 2017 година, со тогашниот еврокомесар за соседска политика и пристапни преговори,Јоханес Хан.

Хрватска е одлична држава која е пример во регионот. Зоран е еден голем пријател, сум барал совети од него и ќе барам, тие се секогаш добредојдени. Сакам да кажам дека тој е толку добар со мене што никогаш не е доцна кога дава совет, одговори тогаш Рама на прашање на новинар на хрватски медиум.

На предизборното соочување пак со неговата противкандидатка Колинда Грабар Китаровиќ во јануари годинава, Милановиќ рече дека имал пријателство со Рама, но дека не работел за него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.