Хронично болните имаат рок до 23 септември да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа.

Со цел да се овозожи сите вакви лица да можат да го реализираат тоа, ќе бидат пуштени дополнителни термини на Мој Термин и е-Амбуланта. Доколку до 23 септември овие пациенти не стигнат да ги обезбедат потврдите, ќе се остави простор за пролонгирање.

Министерот за здравство Венко Филипче на средба со претставниците на здруженијата на пациенти нагласи дека нема простор за паника бидејќи мерката е димензионирана за да ги заштити ризичните пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.