„Системот на ‘Мој термин’ никогаш не беше блокиран. Имаше малку термини на Клиниката за пулмологија, но и тие беа доволни. Повторувам дека не се враќаат на работа сите хронично болни, туку не оние кои ќе донесат потврда од лекар специјалист за следните 6 месеци, изјави денеска на прес-конфренција министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за термините за преглед на специјалист.

Од утре, 23 септември, мајките кои користеа продолжено породилно отсуство поради коронакризата и хронично болните се враќаат на работа.

Хронично болните лица и мајките велат дека им се загрозува здравјето, а дополнително лицата со хронични болести реагираат дека електронскиот систем „Мој термин“ е преблокиран и не можат да добијат термин за преглед кај специјалисти за да добијат потврда.

Министерството за здравство соопшти дека хронично болните имаат рок до 23 септември да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа, за да се избегнат злоупотреби на системот и да не седат дома и тие што можат да одат на работа. Министерството кажа дека за да се реализира оваа одлука ќе бидат пуштени дополнителни термини на „Мој термин“ и е-амбуланта. Ако до 23 септември овие пациенти не стигнат да ги обезбедат потврдите, ќе се остави простор за пролонгирање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.