Во телевизиска дебата на бугарската национална телевизиај БНТ, кај Бојко Василев, во која учествуваа сен Василев ПП, Мустафа Карадај ДПС и Христо Иванов од ДБ; Иванов, кој е пратеник и поранешен министер за правда на Бугарија, истакна дека нема суштински промени во фрнацуските предлози за решавање на спорот со Македонија.

Иванов, во емисијата, вели дека изјавите на официјални македнски претставници дека биле направени измени во предлозите е со цел да ја „залажат“ јавноста во Македонија.

Не го разбирам однесувањето на власта во Скопје, но најверојатно измислуваат дека има промени во предлогот, за да го протуркаат кај нивната јавност – вели Иванов.

Тој додава дека предлогот ги штити бугарските интереси во Македонија и дека дури и кога ќе почнат преговорите, Македонија ја очекуваат десетина или повеќе години разговори со ЕУ, во кои Бугарија ги задржува правото и можноста да интервенира во различни степени од тој процес, при што бугарскиот став ќе биде поткрепен од Европската комисија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.