Во Кичево 25-годишниот Христијан Врапчески го фати крстот од осветените води во базенот на поранешниот Дом на АРМ.
Прво во црковниот храм „Свети Петар и Павле“ беше отслужена утрена  богослужба, а потоа поворката се упати кон базенот, каде што се одржа завршниот чин. Пред полагањето на крстот беше извршен водосвет на водите во базенот од страна на свештенството од кичевскиот храм.
Потоа дваесетина жители на градот, претежно млади, се фрлија по крстот, а од осветените води него го извади младиот Христијан Врапчески.
Од страна на Општина Кичево Врапчески доби златен крст како подарок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.