Ќе се откажам од дел од привилегиите кои следуваат со функцијата, ќе предложам на седница на влада мерки за намалување на даноците, нешто чии детали ќе ги објавам во приодов што следи, и ќе предложам акциски план за младите и пензионерите со чии мерки ќе се влијае на подобрување на нивната состојба.

Ова се трите работи што прво би ги направил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога би влегол во владиниот кабинет како премиер. Во интервју за „Прес 24“, Мицкоски вели дека е убеден оти по 12 април, тој ќе ја предводи новата влада, но за да ја добие довербата вели нема да ветува нерални работи.

Но луѓето со нас можат да бидат комотни и сигурни дека тоа што ќе го ветиме и ќе го исполниме. Кога ќе ветам победа, мислам на победа на изборите и формирање на влада. Не чув од Заев да одговори на вакво прашање, а нема да одговори зошто знае дека ќе загуби. Македонија мора да го надомести загубеното и да оди вистински напред, вели Мицкоски во интервју за „Прес 24“.

Не открива кои се неговите адути за носители на шестте изборни единици, но најавува многу нови имиња во политичката сцена.

Правиме анализи и мерења на рејтингот. Можам да кажам дека ќе излеземе со квалитетни решенија, со луѓе без дамка во минатото и луѓе кои ќе го дадат својот максимум во исполнувањето на обврските спрема граѓаните. Ќе имаме добар тим кој ќе биде одговор на она што го бараат и им е потребно на граѓаните, вели Мицкоски во интервјуто.

Еден од неговите приоритети е суштинската борба против корупција, затоа биле и сериозните забелешки за законот за јавно обвинителство, за чие незгласување вината ја префрла на власта, посочувајчи дека овој закон е да се продолжи уривањето на правниот систем кој сака да го прави Заев. Лидерот на опозицијата смета дека Законот е проитвуставен, во спротивност со кривичниот закон и не обезбедува борба против корупцијата, туку заштита на криминалот, и ќе значи само продолжување на легализираниот криминал на СЈО во формата на ОЈО.

Не сакам да бидам премиер кој ќе ги дознава предвреме судските одлуки како Заев само затоа што ги нарачувал. Нарачки нема да поминат. Не сакам моите соработници да се заштитена каста за која нема да важат законите. Одговороста мора да почне од највисоките носители на власта. Разработуваме прецизна стратегија за борба против коруцијата и криминалот. Верувајте тоа ќе биде најсеопфатната акција против престапниците на законот. Потребни се драстични мерки кои ќе овозможат правда која ќе ја донесеме, затоа што е алармантна состојбата. Во текот на овој месец ќе презентираме дел од тие мерки, одговора Мицкоски во интервјуто на прањатата кој е неговит план за сузбивање на корупцијата.

Целото интервју на „Прес 24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.