Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски гласаше во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае

-Денеска граѓаните треба да бидат гласни, треба со ливчето и со пенкалото во рака зад гласачката кутија масовно да излезат и одлучат еднаш засекогаш да бидат поразени неправдите во Република Македонија. Да победи правдата. Граѓаните треба да бидат гласни против лагите, корупцијата, невладеењето на правото, немањето демократија во државата, нечесните политичари наспроти честитоста, искреноста и принципиелноста, изјави Мицкоски по гласањето.


Тој рече дека очекува демократски ден каде граѓаните масовно ќе излезат и ќе се изборат за правдата наспроти оваа неправда која е секојдневие, наспроти т.н. лагите што ни ги пренесуваат политичките елити во државата и што се на власт.

-Посакувам еден успешен ден во кој ќе победи демократијата во Република Македонија, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.