Во последните 24 часа во Дебар е регистрирана висока едноцифрена бројка на новозаразени со Ковид-19 по што, веќе има двајца пациенти хоспитализирани во Ковид центарот во интерното одделение при Општата болница со проширена дејност, која пружа здравствена заштита за жителите од општините Дебар и Центар Жупа.

Само денеска опасниот вирус е дијагностициран кај седум лица, од девет општини, шест од нив веќе се внесени во денешниот извештај на Министертвото за здравство, додека за еден потрдата ја добивме подоцна. Во последните десет дена имаме девет новозаразени а вкупно активни се 12 лица, од нив три се иселеници од САД – информира за МИА, Арбијон Колари, лекар во Ковид центарот.

Тој додава дека во моментот, во центарот се хоспитализирани две пациентки, а една од нив е и на кислородна подршка.

Една од пациентките е вакцинирана со две дози вакцина, додека другата нема примено ниту една доза. Денеска испративме 11 тестови и за најмалку седум од нив се сомневаме дека се позитивни. Она што во моментов ни е најпотребно се брзите тестови, зашто првичнот резултат ќе го имаме побрзо – посочува доктор Колари.

Она што може да се види насекаде во градот и населените места е фактот дека само мал дел од граѓаните носат заштитни маски во затворен простор, дистанца не се одржува, а секојдневно има по повеќе веселби, свадби, сунети, свршувачки со големо присуство на гости.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.