Отворањето на пристапните преговори на  Македонија со ЕУ треба да се случи и се надевам дека ќе успееме да го постигнеме тоа оваа година. Нема друга атернатива. Исполнети се сите услови од страна на Македонија, изјави денеска амбасадорката на Германија во земјава Анке Холштајн.

Таа додаде дека како дипломат е ноторна оптимистка и изрази уверување оти може да се постигнуваат цели ако доволно напорно се работи на нивно исполнување.

Во текот на следните недели, истакна амбасадорката Холштајн, многу е важно да има соработка меѓу  Македонија и Бугарија во оние области и сегменти каде нема разлики во мислењата, со што ќе се докаже дека постои добра соработка.

Како и претходно и понатаму немаме план Б. Она што преостанува е отворање на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ, преостанува продолжување на разговорите за пристапување, изјави Холштајн откако денеска на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му предаде донација од возила и опрема наменета за потребите на граничната полиција.

Во рамки на тројното претседателство со Португалија и Словенија, германската амбасадорка најави дека ќе продолжат со напорна работа со цел постигнување отворање на пристапните прегорои со земјава.

Таа појасни дека до последната минута на германското претседавање со Советот на ЕУ се обидувале да псотигнат едногласност меѓу сите 27 земји ченки на Унијата, но „успеале да постигнат соглсност со 26“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.