Не е случајно што првата средба на новата германска министерка е со Никола Димитров, вели германската амбасадорка во Македонија, Анке Холштајн, во интервјуто за македонската редакција на „Дојче веле“.

Има јасни изјави за нашата политика во однос на Западниот Балкан во коалицискиот договор и оваа јаснотија претставува новитет. Конкретно за вашата земја, ќе цитирам дел од коалицискиот договор: „Ние го поддржуваме пристапниот процес кон ЕУ на шесте држави од Западниот Балкан и потребните реформи за исполнување на сите Копенхашки критериуми. Во оваа рамка го засилуваме граѓанското општество и ги поддржуваме натамошните чекори за приближување. Во следниот чекор, мора да бидат отворени првите поглавја со Македонија и Албанија“. Јас сум цврсто убедена дека е повеќе од симбол тоа што новата државна министерка за Европа во германското МНР, госпоѓа Ана Лирман како прв странски гостин ќе го прими вицепремиерот за европски прашања на Македонија, господинот Никола Димитров, вели Холштајн.

Додава и дека Германија стори сѐ што беше во нејзините можности за да го ослободи патот на Македонија и можам да ве уверам дека ќе добиете безрезервна поддршка од новата сојузна влада, вклучително и од новиот канцелар Олаф Шолц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.