„Лага“ и „голема измама“ се тврдењата на портпаролот на ДУИ Бујар Османи дека Беса излегла од владата заради политичките пазарења со ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, вели генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа.

БЕСА излезе од владината коалиција бидејќи имало таков договор со ВМРО за поддршка на локалните избори и оваа работа ја знаеле уште пред крајот на вториот круг. Потоа, за да му објаснат на народот, на нивните активисти, за ова некоезистентна политика, за оваа немудра политичка игра, сега наоѓаат аргументи. Каде е аргументот? Секогаш прстот го вперуваат во ДУИ. ДУИ е резервниот виновник во Македонија, изјави Османи во последното интервју за ТВ 21.

Во изјава за „Слободен печат“ Хоџа вели дека Османи и неговиот „род“ добро ги знаат причините што ја прелиле чашата на Беса.

– Ова е лага и измама која Бујар Османи се обидува да ја шири. Тој и неговиот „род“ добро знаат дека причините за полнењето на чашата од 14 месеци власт се неколку луѓе од ДУИ и еден од нив лично е тој. Прашајте колкав пристап имала БЕСА до МНР и јасно ви е како Движењето БЕСА се третирало како коалициски партнер, изјави Хоџа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.