Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, кој во Владата го делегираше Беса, партијата која предизборно коалицираше со СДСМ синоќа во емисијата „Клик плус“ рече дека не ја исклучува можноста заедно со лидерот на ДПА, Мендух Тачи да формираат парламентарна група која ќе делува во Собранието

Според Хоџа, Беса нема ништо против тоа Алтернатива да биде дел од Владата, но за такво нешто треба да одлучи премиерот Зоран Заев.

Во моментов парламентарното мнозинство има 62 пратеника. Ако влезе Алтернатива мнозинството би се проширило. Алтернатива на изборите настапуваше во коалиција со Алијансата за Албанците и освои четири пратенички места. Беса има 4 пратеника, додека ДПА еден пратеник.

Инаку синоќа и Александар Николоски, потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Стар рече дека со пратеници од коалицијата на СДСМ разговараат за ново парламентарно мнозинство.

Во овој момент, еве ексклузивно има пратеници од коалицијата на СДСМ, кои што не се од Беса или од ДУИ туку од останати пратеници во рамки на коалицијата на СДСМ коишто веќе разговараат за ново парламентарно мнозинство, рече Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.