Година и пол подоцна Преспанскиот договор не ја оствари целта. Се уште, иако формално, Македонија е пред вратите на НАТО, а до чергичето пред вратата на Европската унија не чека долг пат. Во меѓувреме, Владата предводена од СДСМ и ДУИ го смени уставното име на државата, го силува Уставот, го раздаде и распродаде македонскиот идентитет. И најлошо од се – се уште се обидува да печали изборни поени на „малата жртва за остварување на големиот европски сон“.

На првата прес-конференција од заминувањето од премиерската функција Зоран Заев излезе со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски. Заев вели дека доколку дојде на власт Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе го поништат Договорот од Преспа.

Сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеји за укинување или поништување на Договорот од Преспа кој не донесе до полноправно членство во НАТО и на чекор до започнување на преговорите со ЕУ – обвини денеска Заев.

Од што се плаши Заев?

Не ВМРО-ДПМНЕ, туку граѓаните се тие кои кажаа „Не“ за Договорот од Преспа. На референдумот 65 % од граѓаните не излегоа на референдумот не излегоа и со тоа јасно ставија дознаење дека се против промена на името. Не помогна ни наведувачкото прашање „ Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со поддршка на Договорот од Преспа“.

Дека референдумот не е успешен официјално објави и Државната изборна комисија бидејќи не беше исполнет условот на гласање да излезат 50 проценти од запишаните гласачи. На реферндумот излегоа само околу 37 проценти од граѓаните.

Спротивно на волјата на народот, власта тргна во уставни измени и обезбедување на двотретинско мнозинство во Парламентот кои беа обезбедени со ослободување на неколкумина пратеници од притвор, како и со закани со судските процеси кои се водеа против нив.

Хистерија за флерт со Албанците

Хистеријата што ја создава Заев со поништувањето на Преспанскиот договор не е ништо друго туку додворување на излажаните Албанци, чијашто поддршка како сапун му се излизнува од рацете. Лажните ветувања за живот, ЕУ и НАТО со кои несебично се расфрлаше во 2016 и благодарение на кои дојде на власт, четири години подоцна речиси е невозможно дека повторно ќе запалат. Затоа, Заев се врти кон палење на албанскиот фитил со хистерија – ако СДСМ не ве донесе ниту до чергичето на ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ ќе ве врати повторно на улица. Но, дали навистина е така?

На Зоран Заев му е јасно дека битката за освојување на македонски гласови е загубена, па повторно им се врти на Албанците. Излажаните. Единствена причина за тоа е што на анкетите се уште е висок процентот на албански електорат кој го поддржува Преспанскиот договор.

На овој начин Албанците стануваат жртва на популизмот на Заев. Тие не добија 300 пилоти во Арачиново, водовод во Вејце, асфалт во Куманово, но затоа Заев повторно ги враќа пред 17 јуни 2018 година и ги дига во одбрана на Преспанскиот договор. Со други зборови, Преспанскиот договор со Грција станува Тиранска платформа на Заев, со која ќе се обиде да ја придобие љубовта на Албанците. Повторно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.