Хелсиншкиот комитет за човекови права подготви правно мислење во однос на бездржавјанството, со осврт на Законот за државјанството, Законот за странците и Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените.

-Државјанството на Република Македонија согласно член 3 од Законот за државјанство се стекнува со:1) потекло; 2) раѓање на територијата на државата; 3) природување; и 4) меѓународни договори. Анализите покажуваат дека има две главни категории на лица кои живеат долги години во Македонија но немаат статус на државјанство: 1) лица кои не го уредиле статусот
по распадот на СФРЈ и 2) лица кои не се евидентирани во матичните книги на родени, стои во правното мислење.

Воедно, се наведува дека во моментот постојат законски можности за стекнување на државјанство на двете засегнати категории.

-Едноставно треба да се даде шанса на постојното законско регулирање. и до истекот на рокот на 05.06.2021 година предвиден во Законот за странците и до истекот на рокот на 30.06.2021 година предвиден во Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени (ЗНЛМКР). Се работи за временски период од три месеци во кој надлежни органи треба да покажат агилност и флексибилност во
рамките кои ги пропишува законот, да воспостават предвидлива и воедначена пракса при што навремено ќе ги споделуваат сите релевантни информации до засегнатите лица и групи. Доколку и со примената на постојните законски одредби статусот на лицата без државјанство не се уреди, тогаш државата треба да изнајде решенија за нив, во согласност со меѓународните стандарди како и законодството и праксата на Европската Унија, стои во заклучокот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.