Веднаш по гласањето на уставните амандмани со кои се изврши промена на Уставот на Република Македонија, а со тоа и на нејзиното уставно име, делегацијата на Европската унија во Скопје објави две и полминутно обраќање на еврокоменсарот Јоханес Хан, кој експресно ни ја честита „Северна“ и прифаќањето на Преспанскиот договор.

Честитките на официјалните високи претставници на ЕУ и НАТО пристигнуваат со брзина на светлината, но оваа на Хан посебно паѓа во очи затоа што е и видеочеститка титлувана на македонски.

 

Истата забелеша ја има и новинарот на Телма Боби Христов.

Со оглед на брзината со која пристигнуваат честитките од ЕУ и НАТО многу доцна, меѓу последните, пристигна честитката од американскиот амбасадор во Република Македонија, Џес Бејли.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.