Лидерите на ЕУ не успеаја да ја исполнат својата посветеност за отворање на преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија на Европскиот совет, напиша пред малку на „Твитер“ еврокомесарот Јоханес Хан.

Ова е екстремно разочарувачки. ЕУ и земјите членки сега треба да разјаснат колку е сериозна нивната заложба за интеграцијата Западен Балкан, напиша Хан.

Хан додаде дека нивна обврска сега е да застанат заедно со земјите чии граѓани со право се разочарани до коска. Тој вети дека ќе продолжи да прави сè што е во негова моќ за да ги поддржи земјите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.