Еврокомесарот, Јоханес Хан, на денешната заедничка прес-конференција со Зоран Заев говореше за пристапните преговори за ЕУ, а побара и од европските лидери да и дадат зелено светло на Македонија.

Бараме од лидерите да најдат начин да се даде зелено светло за процес кој го загубивме пред неколку години, мора да работиме и понатаму на методологијата. Никој не е совршен, но мора да работиме и на реформите во иднина, вели Хан.

Тој додаде дека потребни се мерки за младите да не заминуваат од Македонија.

Се надевам дека ЕУ ќе ги цени сите мерки и напредокот кој го постигнавте. Не бараме ништо повеќе од зелено светло, вели Хан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.