Го поздравувам денешното гласање на германскиот Бундестаг за почнување на преговорите за пристап на Северна Македонија и Албанија во октомври. Признавањето на конкретниот напредок е клучно како поттик за реформи во Западен Балкан и за кредибилитетот на ЕУ!, напиша еврокомесарот во заминување Јоханес Хан на Твитер.

Владејачките германски партии ЦДУ и СПД завчера постигнаа согласност да се одобри датум за почеток на преговорите со Европската унија за Македонија и Албанија.

За почнување на претпристапните преговори со ЕУ конечната одлука ќе ја донесе Советот на Унијата кон средината на следниот месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.