За шест дена ќе го решиме спорот со Бугарија, а седмиот ќе одмориме рече господ Груби, иронично коментира поранешниот министер и економски аналитичар Џевдет Хајредини во врска со изјавата на вицепремиерот Артан Груби за брзо решавање на проблемите меѓу Македонија и Бугарија.

Груби синоќа изјави дека за шест дена може да го решат спорот со Бугарија:

Цели осум месеци Бугарија немаше политичка влада. Ги подгревавме очекувањата и сметам дека немаме потфрлување. Ги видовте ставовите на бугарската влада за планот со шест месеци. Ние сепак мислиме дека не ни се потребни шест месеци, туку само шест дена за да седнеме и да ги решиме прашањата и да почнеме преговори со Унијата, рече Груби во гостувањето на ТВ Канал 5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.