Прашање е дали мораше и дали беше неопходно и најсоодветно, токму во време кога се решава еден од Бугарија наметнат чисто национален спор, министер за надворешни работи да биде еден Албанец и тоа по струка лекар, коментира поранешниот министер Џевдет Хајредини.

При тоа го имам предвид и со устав загарантираното право на секој граѓанин да биде носител на било која функција во државата.

 

П.С.

Освен тоа, време е Бујар Османи да кажува за што со Бугарите, заедно со Бучковски, разговарале и преговарале, кога цело време тврди дека Бугарија не ги спори ни името ни македонскиот јазик и дека за тоа никогаш не се разговарало – вели Хајредини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.