Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, на конференцијата „За
општество ослободено од корупција“ која ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода истакна дека оние коишто планираат да се занимаваат со борба против корупција треба да имаат предвид две работи:
Прво не им верувајте дека се борат против корупцијата оние коишто се најгласни, кои до сега не биле во позиција да бидат корумпирани.
Второ, кога луѓето сакаат да дискутираат за нешто најчесто имаат проблем да бидат конкретни.
Ноторна корупциска, политичка и економска грешка е господине Заев да продолжиш од буџетот на државата без никаков законски основ да ги плаќаш гласачите на твојот коалиционен партнер. Да им ги праќаш парите дома. Затоа што тие 2000 луѓе на кои секој месец им стигаат пари, не се ни тука, а со себе носат минимум 20.000 гласачи. Тоа е невидена коруптивна дејност- рече Хајредини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.