На Македонија сила ѝ дава ДУИ, на ДУИ ПУЦКО ПЕТРОЛ, на ПУЦКО ПЕТРОЛ со тендери владата, коментира поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

Тој важи за голем критичар на ДУИ за кој вели дека за жал станува фактор без кој не може да се формира влада.

20 години ДУИ се на власт и никој не одговара за ништо.Обвинители, судии Албанци, ниту еден не може да се замисли да не е од огранокот на партијата. Затоа и довербата во судството е 8 посто. Погледнете како се однесуваат на судења и на рочишта оние што одговараат за малцерзации на изборите.Ги навредуваат судиите, им се закануваат на сведоци, на обвинители и никому ништо-објаснува Хајредини.

Тој нагласува дека е потребно криминалците од ДУИ што се на власт да влезат во затвор и за неколку дена ќе имаме престројување на чесните луѓе и тие ќе излезат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.