Ако државата не може корупцијата да ја спречи кај тие што се затворени зад решетки, уште помалку може кај тие што се на слобода, коментира поранешниот министер Џевдет Хајредини.

Во координирана акција спроведена во средата наутро во шест часот од страна на четири институции на КПУ Идризово биле пронајдени поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети.

По акцијата дежурниот командир остана без своето возило кое беше запалено во текот на ноќта, за што поддршка доби од вработените кои вчера попладне излегоа на протест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.