Што е Талир 2? План на власта во нејзините активности на политичкиот прогон да ме осудат мене и Кирил Божиновски за виновни и преку судовите да го заплени централниот штаб на главната опозициска партија во државата, вели поранешниот премиер Никола Груевски пред утрешната пресуда за случајот „Талир 2“ во која е обвинет заедно со поранешниот генерален секретар.

Ви го пренесуваме неговиот став во целост:

Обвинителот не презентира доказ дека барем некогаш во животот сум се сретнал со сопственикот или менаџерот на Бетон Скопје, па макар и случајно на улица, во маркет, во парк, или случајна средба во ресторант, а камоли да договарам било што со него. Ниту пак за К.Божиновски понудија доказ дека нешто договарал, a само ние двајца сме обвинети. Обвинение изградено на претпоставки, на ниво на бујна фантазија, кои немаат никаква врска со реалноста.

Дали обвинението и намерите на обвинителството се правно издржани?
Апсолутно не!

Дали имаат докази за некакво незаконско постпаување?
Ниту еден доказ. Па дури и обвинителот не го крие тоа дека нема докази и цело време употребува зборови од типот дека нешто било “симптоматично”
и слично, но јавно во судница признава дека процедурата за градење на штабот била законска, па дури и потврдува дека настрешницата која Жерновски се закануваше дека ќе ја руши е законски изградена.

Додатно и во секоја правна држава многу важно, процесот е целосно вон закон, бидејки наместо како што предвидел законот за СЈО да се поднесе во рокот од 18 месеци, се поднел 16 месеци после тој рок. Само заради ова во нормална земја процесот не би ни почнал. Има и куп други незаконитости и погрешни процедури, но кому воопшто му е грижа за тоа во земја со политички судски случаи, каде пораката од власта е закон над сите закони.

Што сторило ВМРО-ДПМНЕ?
ВМРО-ДПМНЕ во тоа време поседува многу атрактивна локација во строгиот центар на градот, на која е сместен централниот штаб со големина од околу 500-600 метри квадратни, кои не ги задоволуваа потребите за непречено функционирање и работа.

Штабот на СДСМ е околу 4,150 метри квадратни и дури и денес е за околу 200 метри квадратни поголем од овој што сега го има ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ денешната зграда на Владата (некогаш ЦК на КПМ) ја добиле како наследство од поранешната комунистичка партија на Македонија и ја трампале со објект на Министерството за образование кое денес е нивиот централен штаб, поголем од овој на ВМРО-ДПМНЕ. Плус десетици простории/штабови низ општините во државата добиени на ист начин.

ВМРО освен централниот штаб осум пати помал од оној на СДСМ, имаше само 50% од само уште еден штаб во населбата Влае, стан на Рекорд (некое време беше прес центар) и куќа во Охрид.

Кои потези ги повлекло ВМРО-ДПМНЕ во 2012?
Партијата немала законска обврска, но сепак објавила платен оглас во весниците за привлкување понудувач за инвеститор кој би сакал да изгради објект на целото земјиште сопственост на ВМРО-ДПМНЕ, да го намени за деловни активности (во случајот хотел), а еден дел од тој објект да го одстапи на ВМРО-ДПМНЕ наместо да и плаќа пари за земјиштето во строгиот центар.

Тоа е форма со која во Скопје и низ цела Македонија законски се изградија и се градат илјадници објекти. Секаде во светот применувана форма за индивидуалци или правни лица кои своето земјиште го трампаат за одреден број квадрати изграден простор.

Се јавиле три фирми на огласот. Критериумот бил кој ќе даде највисок процент на изграден деловен простор како надокнада за оставеното земјиште. Најголем процент од 43% дала Бетон АД Скопје, која имала намера да изгради хотел. Од тие причини партиската комисија која ги прегледала понудите проценила дека тоа е најповолна понуда (второ пласираната фирма нудела 30%), а ИК и ЦК ја усвоило таа одлука.

Но партијата проценила дека нема потреба од толку многу квадрати и со договор исто така одобрен од истите органи околу 500-600 метри квадратни му ги продала на Бетон Скопје уште веднаш. Бетон ги платил и иако во таа година партијата имала четири пати повеќе приходи од уплатата на Бетон Скопје, кои дошле од други извори, сепак ОЈО тврди дека партијата токму од тие пари купила уште околу 23-24 помали простории за штабови низ општините во Македонија, и бара покрај централниот штаб, да се запленат и тие локални простории.

Цената по која ВМРО-ДПМНЕ го продала вишокот простор е нешто над 3.400 евра од квадрат, во време кога на улица Македонија веќе се беа продале деловни простори по околу 4000 илјади евра квадрат. И објектот на Бетон Скопје излегува инсе води на улица Македонија.

Време во кое на јавно електронско наддавање при продавање на државно земјиште веќе имаше постигнати цени од околу три илјади евра од квадрат во строгиот центар на Скопје, како на пример земјата купена од АД Осигурителна Полиса на ул.Св.Климент Охридски бр.22 каде подоцна го изградија своето седиште.

Патем речено, кога не станува збор за апартмани за продажба или индивидуална куќа, не е важно колку е цената во моментот во таа околина, туку бидејки се развива бизнис каде локацијата игра голема улога во развојот на тој бизнис, се гледа за колку време е повратот на инвестицијата во корелација со бизнисот кој ќе се развие по изградбата на проектот.

Но, кој води сметка за тоа денес кога само е важно што побрзо да се завршат процесите и да се доделат затворски казни како алатка на партијата на власт во одсуство на проекти и решение на проблемите на народот со кои би ги привлекле гласачите.
Уште слушавме од медиумите ставени во служба на власта дека партијата правела профит а тоа било противзаконски а обвинителот кажа дека партијата се однесувала како трговско друштво.

Каков профит? Какво трговско друштво? Какви глупости се тоа?

Кој правел и поделил профит, кога сите пари партијата ги има употребено или за простории за своето редовно и нормално функционирање или за други тековни трошоци во редовното работење и функционирање на партијата?

Се фрлаат флоскули од ракав, се е површно, никој ништо ниту проверува, ниту анализира. Само да се каже нешто, да се нападне некој и да се задовли некој друг.

Што правеше лажната пропаганда во минатите години?
По принципот илјада пати повторена лага станува вистина, медиумите блиски до СДСМ тврдеа дека ВМРО-ДПМНЕ е најбогата партија во Европа и поседува имот од околу 60 милиони евра. Самото обвинителство во овој процес потврдува дека и централниот штаб и сите други купени 23-24 штаба не надминуваат вредност на имотот од околу 8 милиони евра (претпоставувам слично е и со имотот на СДСМ ако се процени неговата вредност по истата методологија), а за тоа колкав имот имаат партиите во Европа кои лично сум ги посетил и видел, не логично е да зборувам и споредувам. Според квадратурата, штабот на ВМРО-ДПМНЕ може да биде околу 10-20% од тие објекти бидејки станува збор за многу побогати и поголеми држави и партии. Но, пропагандата работеше а и сеуште работи и многу луѓе без да проверат или размислат веруваат во тоа.

Што е тоа што ОЈО има докази за незаконско работење?
Нема никави докази освен сомнеж дека процентот од 43% кој го добила партијата им личел висок, иако има и повеќе други примери во Скопје, што беше презентирано во судот, со 40% па дури и 50% одстапен простор за така ултра атрактивна локација како што е локацијата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ. При тоа, се сомневаат, повторувам немаат доказ туку се сомневаат, дека ВМРО-ДПМНЕ за возврат му помагала на Бетон Скопје да добие и заработи од други државно спонзорирани проекти, односно дека Бетон Скопје добил ветување за идна помош. Ниту покажаа доказ за такво ветување, ниту пример за тоа што е тоа што ВМРО-ДПМНЕ му помогнал на Бетон.

Обвинителството ги презентираше пиходите на Бетон Скопје во тие години од проекти кои ги финасирале државните институци, општините и градот Скопје и тие изнесувале помеѓу 36 и 76%, различно од година во година. И тоа треба да е во правец на нивниот сомнеж. Повторувам дека не посочуваат, ниту пак нудат докази дека некој конкретен проект за градба Бетон Скопје го добил со помош на ВМРО-ДПМНЕ. Нема такво нешто. На пример да кажат еве докази дека тој пат, или тој објект Бетон Скопје го добил на тендер, а не требало да го добие. Нема такво нешто, бидејки ние го направивме законот да биде со јавно електронско наддавање каде победува тој со најниска цена, па и да сме сакале незнам како би им помогнале, особено во услови кога законски за да има наддавање мора да има барем уште еден наддавач, инаку лицитацијата се поништува.

Забораваат клучна работа, дека тоа беа години на огромна градежна експанзија, се градеа стотици проекти и сите поголеми градежни компании добивале многу проекти и имале висок процент на приходи од државата и општините. На пример, второ пласираната, исто така градежна фирма на огласот на ВМРО-ДПМНЕ имала 90% од прихоите од проекти финасирани од државата и тоа во многу поголем износ одколку Бетон Скопје.

И уште нешто. Викнале куп сведоци.

Сите сведочат во корист на ВМРО-ДПМНЕ и во корист на нас кои сме обвинети, во правец дека се било регуларно.
Можам да замислам барем дел од тие сведоци какви притисоци имале од обвинителството, но овој пат не успеале со тие средства и методи.

Најважно!!! Сведочел и сопственикот на АД Бетон Минчо Јорданов, веројатно клучен сведок во постапката, кој своевремено беше и потпретседател на владата предводена од СДСМ, кој јасно и недвосмислено кажал во судницата, дека никој не му вршел никаков притисок или барање, дека се било регуларно, дека пресметките за хотел во тој дел на градот и те како им се исплателе заради место положбата (фирмата има и други хотели и го разбира тој бизнис), дека кога го видел огласот во весник самиот побарал од службите да се мобилизираат и да се подготви понуда. За жал, неколку години подоцна, кога хотелот не е дограден, фирмата запаѓа во криза и не стигнала да го доврши, но делот каде е штабот го завршила и предала во рок од 10 месеци како што била понудата. Истиот рок го понудиле и другите два понудувачи.

За оние кои ги интересираат повеќе детали, оние кои ги интересира темата и сакат да ја проучат поподробно, препорачувам во линкот подолу да ги погледант и слушнат аргументираните излагања на дел од одбраната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.