Поранешниот премиер, Никола Груевски, упати честитка до муслиманските верници кои денеска го слават Рамазан Бајрам. Во четитката на Груевски, упатена на неговата фејсбук страница стои:

Денес е Рамазан Бајрам, најголемиот празник на граѓаните од исламска вероисповест.
Празник кој со одлука на владата и парламентот од 2007 година е неработен ден во целата држава.
Го честитам празникот и посакувам секому да му се остварат молитвите кои ги носи во своето срце. Најголемиот копнеж кој секој го носи длабоко во себе, да му стане најголем успех и најголема радост.
Посакувам овој празник да донесе повеќе здравје и љубов во секој дом, поголема среќа и радост на душата кај секој еден човек, посилен просперитет на секој план, поцврста меѓусебна помош и поискрено почитување.
Добрата мисла да Ве води секогаш низ животот, оти какви Ви се мислите, таков Ви е животот.
Честит Рамазан Бајрам!!!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.