Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил го демантираше денешниот исказ на бизнисменот и поранешен градоначалник на Битола, Силјан Мицевски дека му дал десет илјади евра на рака.

Во врска со натписите и објавите на неколку медиуми во Македонија кои се однесуваат на денешното сведочење на бизнисменот, поранешен градоначалник на Битола и поранешен висок функционер на СДСМ-Силјан Мицевски во предметот под работен наслов Талир 1, укажувам за злонамерите на дел од медиумите и истите ги демантирам во целост како невестини.

При денешниот исказ на двата сведока, обајцата не ги потврдиле наводите во обвинението против обвинетите па оттука веројатно и потребата на некои партиски определени медиуми да престават поинаква слика на нивното сведочење пред јавноста, особено за Силјан Мицевски. Никогаш додека бев премиер не сум имал средба или телефонски разговор со Силјан Мицевски ниту некогаш сум му сугерирал нешто или некого да финансира, и никогаш не сум му побарал ниту сум добил било што од него“, напиша Груевски на Фејсбук.

Во врска со натписите и објавите на неколку медиуми во Македонија кои се однесуваат на денешното сведочење на…

Posted by Nikola Gruevski on Wednesday, 9 September 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.